logo
logo
logo

Дипломатска војна меѓу Москва и Букурешт: РУСИЈА ПРОТЕРА РОМАНСКИ ДИПЛОМАТ

Vecer | 27.08.2026

Дипломатска војна меѓу Москва и Букурешт: РУСИЈА ПРОТЕРА РОМАНСКИ ДИПЛОМАТ

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека прогласило службеник на Амбасадата на Романија во Москва за персона нон грата.

Руската дипломатија го објави ова откако на разговор беше повикана вршителката на должности во романското претставништво во Москва.

За потсетување, Лилијана Бурда, вршителка на должности на Романија во Русија, беше повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација. Информацијата за агенцијата ТАСС ја потврди руското министерство.

Повикувањето на претставничката на романската страна уследи во контекст на бројните инциденти со дронови, соопшти дипломатијата во Букурешт.

Министерството за надворешни работи на Романија соопшти крајот на јули, откако рускиот амбасадор во Букурешт беше повикан во седиштето на МНР, дека еден член на дипломатската мисија на Москва во Букурешт ќе биде прогласен за персона нон грата на романска територија.

Исто така тогаш, претставниците на МНР најавија дека пратеникот на Романија во Москва ќе биде повикан во земјата на консултации. Овие мерки доаѓаат откако армијата собори три дрона за кои се сомнева дека се од руско потекло.

Откако Романија го повика својот амбасадор на консултации, Русија соопшти дека нема да го повлече својот амбасадор од Романија, но дека протерувањето на рускиот дипломат од страна на Букурешт ќе добие соодветен одговор, изјави тогаш на конференција за медиумите Алексеј Фадеев, заменик-директор на Одделот за комуникации при Министерството за надворешни работи на Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk