Чешката влада поднесе предлог-закон со кој целосно ќе се забрани користењето на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, соопшти премиерот Андреј Бабиш. Со овој чекор, Чешка се приклучува на глобалниот бран за драстично ограничување на времето кое децата го поминуваат пред екраните.
Без телефони дури и за време на одморите
Забраната нема да важи само за време на часовите, туку нема да смеат да се користат телефони ниту за време на одморите. Исклучок ќе се прави само во вонредни случаи, како што се специфични здравствени причини кај учениците или ако уредот е строго потребен за образовни цели со одобрение од наставникот.
„Училиштата нема да можат да им дозволуваат на учениците да прават пауза со мобилните телефони од кои било други причини“, децидни се во нацрт-законот.
Глобален фронт против социјалните мрежи и екраните
Овој потег на Прага е дел од пошироката меѓународна офанзива за заштита на концентрацијата и менталното здравје кај децата:
- Забрана во училиштата: Полска веќе воведе слична забрана, приклучувајќи се на земјите како Холандија, Јужна Кореја и Италија кои веќе ги исфрлија паметните телефони од училишните дворови.
- Рампа за социјалните мрежи: Австралија е пионер во целосната забрана на социјалните мрежи за деца, а Велика Британија најави забрана за сите лица под 16 години.
Премиерот Бабиш истакна дека чешката влада сериозно ја разгледува и опцијата за комплетна забрана на социјалните мрежи за малолетници, следејќи го строгиот пример на Франција, сè со цел да се сузбијат докажаните негативни ефекти врз развојот на децата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата