Катастрофалната природна несреќа што го погоди граничниот регион меѓу Непал и Тибет, во која загинаа над 165 луѓе а околу 1.500 се водат како исчезнати, не била предизвикана од земјотрес, туку од катастрофален глацијален колапс, ненадејно рушење на долниот дел од глечер.
Иако првичните извештаи укажуваа на земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, Американскиот геолошки завод (USGS) по деталните анализи потврди дека регистрираната сеизмичка енергија всушност била резултат на какво што е ненадејното кршење и падот на огромна маса од мраз, карпи и отпад.
Овој глацијален колапс иницирал страшна ланчана реакција. Огромната количина на мраз и земја се срушила директно во хималајските речни корита, создавајќи рушителна река од кал и вода која со силина голтала сè пред себе. Бујицата ги збришала куќите, мостовите, патиштата и цели туристички и верски населби долж патот од Тибет кон Катманду, што го прави распадот на глечерот единствениот и директен виновник за оваа трагедија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата