logo
logo
logo

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Vecer | 30.08.2026

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел.

Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи го отфрлиле предлогот на владата за преговори за шленство во ЕУ, додека 47,2% рекле „за“. 

Централно-левичарската влада на премиерот Криструн Фростадотир вети дека ќе одржи референдум во 2027 година, но го покрена поради меѓународните тензии, вклучувајќи ги и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп против Гренланд.

Сепак, дебатата во оваа островска земја со речиси 400.000 луѓе се фокусираше повеќе на нејзината рибарска индустрија отколку на безбедносните проблеми.

Со околу 270.000 луѓе со право на глас, RUV објави дека излезноста од 82,5% е највисока на сите избори во Исланд од 2009 година.

Во Исланд сметаат дека дел од единствениот пазар на ЕУ и безграничната Шенген зона не им одговара, а членството во ЕУ ќе го донесе Исланд во царинската унија и на крајот во еврозоната.

Исланд ја започна својата апликација за членство во ЕУ во 2009 година, по финансиската криза од 2008 година и колапсот на банкарскиот систем на Исланд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk