Нападот се случил за време на попладневната молитва во селото Фомбита, во комуната Кокору, која се наоѓа во близина на границата со Буркина Фасо и Мали, област која е епицентар на бунтот на џихадистите во Западна Африка, поврзан со Ал Каеда и Исламската држава, објави Ројтерс.
Министерството за одбрана ја обвини групата ЕИГС, огранок на Исламската држава, дека го извршила нападот.
Вооружени џихадисти ја опколија џамијата, каде што луѓето дојдоа да се молат за време на светиот муслимански месец Рамазан, и извршија „масакр“, се вели во соопштението на Министерството.
Напаѓачите потоа го запалија пазарот и куќите пред да се повлечат, се додава.
Владата прогласи тридневна национална жалост по нападот.
Џихадистичкиот бунт во Сахел започна во 2012 година кога исламските милитанти зазедоа територија во северниот дел на Мали.
Конфликтот се прошири во соседните Нигер и Буркина Фасо, а во последниве години и на север од крајбрежните западноафрикански земји како Того и Гана.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата