logo
logo
logo

Преговори меѓу Украина, Русија и САД во Саудиска Арабија

Vecer | 24.03.2025

Преговори меѓу Украина, Русија и САД во Саудиска Арабија

На дневен ред на состанокот како што објавија украинските власти бил и предлогот за заштита на енергетските објекти и критичната инфраструктура.

Состанок инаку, претходи на разговорите меѓу делегации на САД и на Русија закажани за денеска, исто така, во Саудиска Арабија. Вчерашните и денешните состаноци доаѓаат по низа одвоени разговори на американците со украински и руски претставници во кои Киев го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот.

Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе се постигне широко примирје во рок од неколку недели, надевајќи се на мировен договор до 20 април, објави „Блумберг“, повикувајќи се на добро информирани извори во процесот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk