Трамп ја изнесе својата теорија, поточно своето верување дека убиството го извршил Ли Харви Освалд, но дека не бил сигурен дали напаѓачот имал помош!?
На прашањето дали верува дека Освалд го убил Кенеди, Трамп потврдно одговори во изјавата за Клеј Тревис, основач на спортската веб-страница Outkick, објави Ројтерс.
- Да. И јас секогаш мислев дека тоа, се разбира, беше тој, но дали имаше помош? – се прашува Трамп.
Американското Министерство за правда и другите федерални владини агенции го потврдија заклучокот дека Освалд бил осамен убиец, но анкетите покажуваат дека голем број Американци сè уште веруваат дека смртта на Кенеди во Далас е резултат на заговор.
По налог на Трамп, владата оваа недела објави илјадници страници дигитални документи поврзани со атентатот на Кенеди.
Трамп за време на неговата кампања минатата година вети дека ќе обезбеди поголема транспарентност за смртта на Кенеди, а по преземањето на функцијата, тој исто така нареди план за објавување записи поврзани со атентатите на братот на Кенеди, Роберт и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Јуниор во 1968 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата