Во соопштението на полицијата се наведува дека Џејтан Гилдер (32) ги проголтал дијамантските обетки на Тифани во моментот кога бил приведен на 26 февруари, објави денеска Би-би-си.
Гилдер бил надгледуван од детективи во болницата во Орландо „повеќе од десет дена“ пред обетките да бидат исфрлени од неговото тело, според полицијата во Орландо.
Крадецот се соочува со обвиненија за вооружен грабеж и кражба од прв степен и моментално е задржан во затворот во округот Оринџ.
Полицијата вели дека неговата криминална историја вклучува грабеж во продавницата на Тифани во Тексас во 2022 година и дека има 48 посебни налози за негово апсење во Колорадо.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата