logo
logo
logo

Шумски пожари во Северна и Јужна Каролина: Прогласена вонредна состојва (ВИДЕО)

Vecer | 24.03.2025

Шумски пожари во Северна и Јужна Каролина: Прогласена вонредна состојва (ВИДЕО)

Шумските пожари ги принудија локалните власти во американската сојузна држава Северна Каролина да наредат евакуација на жителите кои се уште се опоравуваат од ураганот Хелена, додека гувернерот на Јужна Каролина прогласи вонредна состојба поради шумски пожар кој исто така се шири во таа држава.

Одделот за јавна безбедност на Северна Каролина издаде наредба за задолжителна евакуација која започна во саботата во 20:20 часот за делови од округот Полк на западот на државата, околу 80 милји (130 километри) западно од Шарлот.

Ова е втор пат за помалку од еден месец жителите на округот Полк да се соочат со евакуација поради шумски пожари.

-Видливоста во оваа област ќе биде намалена и може да се блокираат патиштата за евакуација. Ако не заминете сега, може да бидете заробени, повредени или животно загрозени, објави Одделот за јавна безбедност на Северна Каролина на социјалните мрежи.

На стотици километри северно, Шумската противпожарна служба соопшти дека во тек се интервенции поради шумски пожар во Вартон Стејт. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk