logo
logo
logo

Гренланд го чува Џејмс Бонд 007?

Vecer | 17.01.2026

Гренланд го чува Џејмс Бонд 007?

Русија брутално ја исмеа Велика Британија додека растат тензиите околу наводниот план на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд.

Сојузникот на Владимир Путин, Дмитриј Рогозин, остро ја исмеа Велика Британија за тоа што испратила само еден член од своите одбранбени сили за да го заштити Гренланд.

Оваа порака од Русија доаѓа во време кога Европа испрати околу триесет војници на најголемиот остров во светот, поради стравувањата дека Доналд Трамп би можел да ја преземе територијата на НАТО со сила.

Рогозин иронично праша дали единствениот британски офицер испратен на Гренланд е всушност агентот 007, Џејмс Бонд. Близок соработник на Путин изјави:

„Да бев на местото на Трамп, не само што ќе се навредев - туку ќе се понижев. Против Владимир Путин и Русија, се чини, треба да соберат 15.000 пушки, оклопи, артилерија, буџети, самити, „коалиција на добронамерните“ и уште 33 папки со резолуции. Но, против Трамп и САД - само 30 луѓе. Триесет. Не можеа ниту 40 да соберат. Очигледно беше премногу срамно. И не се знае ниту дали се мажи или жени“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk