logo
logo
logo

Бројот на жртвите на границата меѓу Непал и Кина се зголеми на 919, околу 4.800 се исчезнати

Vecer | 31.08.2026

Бројот на жртвите на границата меѓу Непал и Кина се зголеми на 919, околу 4.800 се исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето по должината на непалско-кинеската граница се искачи на најмалку 919, а речиси 4.800 лица се уште се водат како исчезнати, вклучувајќи 853 странци, шест дена по катастрофата, соопштија властите денес.

Непалскиот орган за намалување и управување со ризици од катастрофи соопшти дека во земјата се потврдени 903 смртни случаи, додека 4.247 лица, вклучувајќи 592 странци, се уште се водат како исчезнати.

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат во погодените области, додека властите се обидуваат да стигнат до работниците заробени во неколку хидроенергетски проекти.

Меѓу исчезнатите на непалската страна се 25 припадници на непалската полиција, 45 припадници на армијата, 13 припадници на непалските вооружени полициски сили, 14 царински службеници на Непал и тројца службеници за имиграција. 933 лица се исто така водат како исчезнати во бројни хидроенергетски проекти во Непал.

Додадено е дека меѓу исчезнатите се 127 непалски патници, објави Анадолу.

Од кинеска страна, потврдени се 16 смртни случаи, додека 546 лица сè уште се водат како исчезнати во округот Џиронг во автономниот регион Сизанг во југозападна Кина, објави државната новинска агенција Синхуа.

Меѓу исчезнатите има 261 странски државјани.

Според консолидираните податоци, бројот на жртви изнесува 919, додека 4.793 лица се водат како исчезнати, вклучувајќи 853 странски државјани.

Кина распореди повеќе од 2.100 луѓе во операциите за пребарување и спасување, заедно со стотици возила и илјадници парчиња опрема за спасување.

Катастрофата се случи на 26 август кога глечер на планината Лангтанг Лирунг во Непал, на надморска височина од околу 5.200 метри, пукна, предизвикувајќи лавина од мраз и карпи што се претвори во огромен пороен тек од остатоци и се прошири низ долините по должината на границата. Огромниот воден бран, проследен со лизгање на земјиштето, ги опустоши непалските области Расува, Нувакот, Дадинг и Кавре, како и долината Катманду, додека од кинеска страна граничната област Џиронг беше затрупана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk