logo
logo
logo

Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на најмалку 47

Vecer | 16.08.2026

Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на најмалку 47

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени што ја погоди Индонезија во саботата се искачи на најмалку 47, додека десетици луѓе се повредени, а стотици згради се урнаа, соопштија индонезиските власти, предупредувајќи дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Според претходните извештаи, бројот на жртви изнесувал 38. Шефот на Националната агенција за управување со катастрофи, Сухарјанто, изјави дека спасувачките екипи извлекле најмалку 47 тела, главно во областите Сика, Мангарај и Источен Мангарај, додека најмалку 50 лица биле пренесени во болници.

Според него, земјотресот целосно уништил најмалку 157 куќи и оштетил уште речиси 200, поради што околу 2.000 жители морале да ги напуштат своите домови и да се преселат во привремени засолништа.

Оштетени се и многу јавни објекти, вклучително 87 образовни установи, 18 здравствени установи, пет верски објекти, шест владини канцеларии и друга јавна инфраструктура.

Земјотресот, како што пренесува АП, го погоди подрачјето на островот Флорес во 5:58 часот наутро по локално време, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk