logo
logo
logo

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Vecer | 19.09.2026

Австралија нареди отстрел на ајкула поради напад, потрагата по телото на пливачот продолжува

Тој пливал близу до брегот кога бил нападнат од голема бела ајкула. ​​

Неговото семејство го опиша како посветен татко и сопруг и голем љубител на океанот, пренесува ABC News.

„Нашето семејство е длабоко потресено и скршено од ужасната трагедија во која животот го загуби еден татко, иден дедо, брат, вујко, сопруг и пријател – Грег Џејмс О'Нил“, се вели во соопштението на семејството.

„Тој беше великодушен и посветен семеен човек кој на своите деца им пружаше огромна љубов, внимание и можности. Грег го сакаше океанот и беше страстен пливач, љубител на спортот, посветен работник и, пред сè, великодушен и духовит човек. Длабоко сме благодарни за сите изрази на сочувство и поддршка што ги добивме.“

Министерката за рибарство на Западна Австралија, Џеки Џарвис, издаде налог за фаќање и убивање на ајкулата. Сепак, таа нагласи дека не смета оти е соодветно да се спроведе поширока акција за нивно истребување по овој инцидент.

Плажите во северните предградија на Перт и денес остануваат затворени додека продолжува потрагата по ајкулата и по телото на жртвата, О'Нил.

Министерката Џарвис објаснила дека одлучила да издаде налог за уништување откако полицијата успеала да ја идентификува ајкулата пред таа да отплива.

„Ја донесов одлуката земајќи ги предвид вонредните околности на нападот, опасноста што ја претставуваше таа ајкула и можноста за прибирање докази за истрагата на судскиот вештак“, изјави Џарвис.

Џарвис забележува дека ова е првпат по десет години во Западна Австралија да се издаде налог за фаќање и убивање ајкула, но нагласува дека масовното истребување на големите бели ајкули не е решение во овие околности. „Големите бели ајкули се меѓународно заштитеен вид. Тоа не значи дека ќе ги истребиме сите грабливци во океанот. Не сакам да им давам на луѓето лажно чувство на сигурност, бидејќи е невозможно целосно да се елиминира секој ризик“, изјави таа.

Досегашната стратегија на Западна Австралија се потпираше на обележување и следење на ајкулите, апликации за предупредување, сирени, заштитни мрежи и лични уреди за одвраќање на ајкули. Министерката најави дека владата ќе ги преиспита постоечките мерки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk