logo
logo
logo

Трамп: Се согласивме за ТРАЈНА КОНТРОЛА НА САД врз безбедноста на Гренланд

Vecer | 18.09.2026

Трамп: Се согласивме за ТРАЈНА КОНТРОЛА НА САД врз безбедноста на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави склучиле договор со Данска и Гренланд. Според објавата, САД со тој договор добиваат трајна контрола врз безбедноста на Гренланд, кој, како што изјави, „целосно ги решава СИТЕ бројни американски загрижености“.

Трамп додаде дека договорот нема да ги чини САД ништо. Информацијата беше објавена денес на профилот на Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Клучни точки од договорот

Во своето соопштение, Трамп појаснува дека договорот е постигнат по негов налог и во соработка со претставниците на Данска и Гренланд. Договорот гарантира дека тие „засекогаш ќе имаат целосен капацитет да сторат сè што е потребно во Гренланд за да ја обезбедат и одбранат безбедноста на Гренланд и Соединетите Американски Држави“.

Една од главните одредби е дека „ниту еден американски противник НИКОГАШ не може да има база во Гренланд, воено присуство или да спроведува чувствителни инвестиции во Гренланд без наше изречно писмено одобрение“.

„Во што другите не успеаја“

Трамп ја нагласи стратешката важност на Гренланд и потврди дека американските претседатели се свесни за овој факт повеќе од сто години, но дека „НИКОЈ од нив не успеа да направи ништо во врска со тоа“. Тој се претстави како претседател кој трајно ја реши ситуацијата.

„Горд сум што сум претседател кој трајно и конечно ја реши оваа исклучително важна ситуација. Ова е договор со „бесконечно траење“, нема крај!“, рече Трамп.

Планови за воено присуство

Тој, исто така, најави конкретни следни чекори.

„Веднаш ќе започнеме со процесот на развој на големо воено присуство во соодветните делови на Гренланд, од кои има многу“, напиша тој. Додаде дека САД ќе соработуваат со народот на Гренланд за овој развој и изградба.

Трамп оцени дека решението е „одлично за Соединетите Американски Држави, Данска, Гренланд и сите наши сојузници“. Тој изрази задоволство од идната соработка со Данска и Гренланд за, како што изјави, реализацијата на прекрасната иднина на таа стратешки важна територија.

„Сон што стана реалност за САД“

„Ќе го заштитиме многу! Ова е остварување на сон за Соединетите Американски Држави, нешто што е многу важно, историско и посебно“, заклучи американскиот претседател во својата објава.

Данска и Гренланд сè уште јавно не го коментираа соопштението на Трамп, ниту ги потврдија деталите од договорот што ги презентираше американскиот претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk