logo
logo
logo

ДВЕ РАБОТИ ЈА УБИВААТ ЕВРОПА, предупредува Трамп

Vecer | 07.08.2026

ДВЕ РАБОТИ ЈА УБИВААТ ЕВРОПА, предупредува Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика европските лидери на поостри мерки против илегалната имиграција, оценувајќи ја заедно со енергетската политика како двата главни фактори што ја „убиваат“ Европа.

За време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба, Трамп посочи дека Европа се соочува со два клучни проблеми кои бараат итна реакција од властите.

- Две работи ја убиваат Европа. Првата е миграцијата, а втората е енергетиката - изјави американскиот претседател, повикувајќи ги европските влади да ја затегнат својата гранична политика.

- Дозволувате влез на луѓе кои, во многу случаи, нема да ви помогнат. Ќе бидам благ – тие едноставно нема да ви помогнат - предупреди Трамп.

Изјавата доаѓа во контекст на зголемениот мигрантски притисок врз европските граници, вклучително и неодамнешниот бран кон шпанската енклава Сеута.

Трамп и претходно, меѓу другото и во обраќањето пред Генералното собрание на ООН во септември 2025 година, предупредуваше дека имиграцијата и „зелената“ енергетска политика се „двоглаво чудовиште“ што ја уништува Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk