logo
logo
logo

Ученик донел сачмарка во училиште - ДИРЕКТОРОТ ЗАСТРЕЛАН ВО ЗАДНИКОТ!

Vecer | 12.10.2026

Ученик донел сачмарка во училиште - ДИРЕКТОРОТ ЗАСТРЕЛАН ВО ЗАДНИКОТ!

Нова шокантна трагедија го потресе францускиот образовен систем – четиринаесетгодишен ученик отвори оган со ловачка пушка калибар 12 во училиштето „Жозеф Лаканал“ во францускиот град Обањ, во близина на Марсеј, при што беа ранети директорот и една наставничка.

Инцидентот се случил утринява, кога малолетникот вооружен со ловџиско оружје се појавил во кругот на установата и испукал четири до пет куршуми во насока на вработените.

Храрбите вработени го спречија масакрот

Во пукањето се повредени 53-годишниот директор на училиштето, кој е погоден во пределите на десниот колк, како и 37-годишна наставничка. За среќа, според првичните информации од болничките извори, нивните повреди не се опасни по живот, а двајцата се итно згрижени со медицинска помош.

И покрај драматичните моменти, положбата брзо била ставена под контрола откако храбрите вработени во училиштето успеале сами да го застарат и задржат малолетниот напаѓач сè до пристигнувањето на полициските патроли кои го уапсиле на лице место.

На терен се итни полициски и противпожарни екипи, а државното обвинителство во Марсеј отвори итна истрага за обид за убиство. Истражителите сега се обидуваат да утврдат како детето дошло до огнено оружје и кои се мотивите зад овој опасен вооружен испад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk