logo
logo
logo

ТАЈНИТЕ ДЕПОРТАЦИИ НА САД: Над 25.000 мигранти испратени во 28 трети земји

Vecer | 21.09.2026

ТАЈНИТЕ ДЕПОРТАЦИИ НА САД: Над 25.000 мигранти испратени во 28 трети земји

Владата на САД депортирала најмалку 25.447 лица во 28 трети земји заклучно со 31 август оваа година, според податоците објавени денес како дел од меѓународна новинарска истрага предводена од организацијата „Форбиден сторис“ (Forbidden Stories).

Владата на САД не ги објави јавно овие податоци; истрагата опфатила повеќе од 100 интервјуа со депортирани лица, владини претставници, адвокати и експерти, како и податоци од организации за заштита на правата на мигрантите.

Внатрешни документи на Стејт департментот, до кои дојде весникот „Вашингтон пост“ (член на конзорциумот), покажуваат дека САД планирале да потрошат најмалку 410 милиони долари (приближно 357 милиони евра) во обид да постигнат договори со трети земји.

Од таа сума, 81 милион долари биле доделени на владите што ги потпишале договорите, додека повеќе од 178 милиони долари отишле кај Меѓународната организација за миграции (IOM), а над 123 милиони долари кај Агенцијата за бегалци при ОН (UNHCR).

За договорите првенствено преговарала Канцеларијата за ремиграција при Стејт департментот – оддел формиран во 2025 година како дел од реорганизацијата на департментот.

Како одговор на истрагата, Белата куќа изјави дека мигрантите испратени во трети земји биле оние чии матични земји одбиле да ги примат, вклучително и поединци со налози за депортација кои побарале да не бидат вратени во земјите на нивното потекло.

На 18 септември, федералниот апелационен суд во САД нареди прекин на депортациите во трети земји, со образложение дека на мигрантите не им било дадено соодветно известување, ниту можност да ја оспорат депортацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk