Британските воени бродови и војници нема да бидат користени за блокирање на иранските пристаништа, додека британските миноловци и капацитети за борба против дронови ќе продолжат да дејствуваат во регионот, соопшти Владата на Велика Британија.
„Продолжуваме да ја поддржуваме слободата на пловидбата и отворањето на Ормускиот Теснец, што е итно потребно за поддршка на глобалната економија и трошоците за живот дома“, изјави портпаролот на британската влада, пренесува Би-Би-Си.
САД најавија блокада откако разговорите со Иран не успеаја да обезбедат траен мировен договор за прекин на непријателствата на Блискиот Исток, а британскиот премиер Кир Стармер повика на „деескалација“ во регионот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата