logo
logo
logo

АМЕРИКА, РУСИЈА И КИНА ПРЕД ГОЛЕМ ПАКТ? Трамп, Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина — Еве ги сите детали!

Vecer | 02.09.2026

АМЕРИКА, РУСИЈА И КИНА ПРЕД ГОЛЕМ ПАКТ? Трамп, Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина — Еве ги сите детали!

Советникот во Кремљ, Јуриј Ушаков, ја разбранува светската јавност со информацијата дека рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг би можеле да одржат трилатерален средба на претстојниот самит за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) во ноември.

Запрашан на државната телевизија за можноста за ваков историски состанок на трите најмоќни светски сили, Ушаков кратко и директно потврди: „За тоа прашање се разговараше, да.“

Тој појасни дека се очекува сите тројца лидери да присуствуваат на самитот што ќе се одржи во кинескиот град Шенжен на 18 и 19 ноември. „Ако се оствари она што е кажано, нив тримина ќе можат да се сретнат“, додаде Ушаков за време на престојот во Бишкек, Киргистан, каде што Путин и Си учествуваа на состанокот на Шангајската организација за соработка.

Русија, Кина и САД се полноправни членки на АПЕК, организација која брои 21 земја. Сепак, од Вашингтон засега се попретпазливи со изјавите. Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, кратко изјави дека во овој момент немаат официјални најави околу пристигнувањето на претседателот Трамп на самитот АПЕК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk