Руското Министерство за одбрана утрово соопшти дека руските сили погодиле товарен брод што пловел кон украинското пристаниште „Одеса“ за да достави воена опрема за украинската војска.
„Погоден е товарен брод што по море превезувал воена опрема до пристаништето Одеса, наменета за вооружените сили на Украина“, објави Министерството на Телеграм.
🇷🇺🇺🇦 During the night, "Geran" drones launched an attack on the Odesa, Chernivtsi, and Kharkiv regions. https://t.co/SD3JOmg5ll
— SVO ZONE 👍🇺🇸 🇷🇺 (@AMoczas93932) October 26, 2026
Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека од утре ќе бидат евакуирани дел од жителите на Олешки, кој се наоѓа на територија под руска контрола, по најавата за прекин на огнот во областа.
„Американската страна предложи прекин на огнот во областа на Олешки од 27 октомври“, рече Зеленски, додавајќи дека примирјето треба да трае неколку дена.
Тој истакна дека во областа треба да пристигнат хуманитарни мисии, но и претставници на САД, Украина и на Русија. Зеленски и предупреди дека Русија ќе се обиде да ги одведе жителите на своја територија.
„Русија ќе направи сè што може за овие луѓе да заминат во Русија. Но, дел од нив, на еден или на друг начин, ќе бидат евакуирани во Украина, во делот што го контролираме. Најважно е овие луѓе да се ослободат од блокадата за да можат да живеат“, порача украинскиот претседател.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата