Три лица се повредени по големата експлозија што го потресе Монако. Локалните власти, според последните информации, веруваат дека станува збор за намерен напад, а не за случаен инцидент. Осомничениот за експлозијата наводно е во бегство, откако бил снимен од надзорните камери како остава торба покрај вратата на една станбена зграда, пренесува британски „Мирор“ (Mirror).
„Ова е првпат во историјата, колку што ми е познато, ваков чин да се случи во Кнежевството. Ова е веројатно терористички напад“, изјави загрижено министерот Кристоф Мирманд.
Кратко пред експлозијата, безбедносните камери снимиле лице како остава ранец на местото на настанот, а потоа бега, според BFMTV, која се повикува на безбедносните власти на Монако и регионалниот весник „Монако-Матен“.
Експлозијата се случила околу 21 часот и тешко повредила брачен пар во нивните педесетти и шеесетти години, додека 13-годишно момче поминало со полесни повреди. Како што пренесуваат медиумите, жртвите се со потекло од Украина и се членови на исто семејство.
Полицијата веднаш ги блокираше околните улици и започна масовна потера по мажот од видео-снимките.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата