logo
logo
logo

Италија со нов закон

НАМЕСТО ЗАД РЕШЕТКИ ДОМА - Илјадници зависници од дрога и алкохол ќе ја издржуваат казната дома

Vecer | 29.07.2026

НАМЕСТО ЗАД РЕШЕТКИ ДОМА - Илјадници зависници од дрога и алкохол ќе ја издржуваат казната дома

Италијанскиот парламент усвои закон со кој на илјадници затвореници зависници од дрога или алкохол би можело да им биде дозволено казните да ги издржуваат во домашни услови, додека се вклучени во програми за рехабилитација. Мерката има за цел да го намали притисокот врз затворскиот систем, кој во моментов се соочува со сериозна пренатрупаност. 

Според организацијата за права на затворениците „Антигона“, италијанските затвори се исполнети со околу 140 отсот од нивниот капацитет, што ја става земјата меѓу оние со најголем проблем со пренатрупаноста во Европската Унија. Министерот за правда Карло Нордио зијави дека новата мерка би можела да опфати повеќе од 10.000 лица зависни од дрога, како и околу 3.700 затвореници со проблеми поврзани со алкохолот.

Сепак, „Антигона“ е скептична во однос на мерката, предупредувајќи дека ослободувањето би било предмет на голем број услови и дека средствата предвидени во законот во теорија би финансирале рехабилитација на помалку од 600 зависници. Премиерката Џорџија Мелони го нарече законот „победа на повеќе фронтови“ што ќе го намали притисокот врз затворите и ќе помогне да се одвратат зависниците од дрога од криминал.

Реформата на затворите е политички чувствително прашање за Мелони

Нејзината влада минатата година вети дека ќе обезбеди дополнителни 15.000 места во затвор, но бројот сè уште не е зголемен. Реформата на затворите е политички чувствително прашање за Мелони со приближувањето на изборите следната година, а крајно десничарската опозициска партија Футуро Назионале (Национална иднина) ја критикуваше неа и нејзините сојузници.

Тие велат дека таа е премногу мека во однос на криминалот и имиграцијата. Футуро Назионале, основана оваа година од поранешниот армиски генерал Роберто Ваначи, се искачува во анкетите на јавното мислење и одзема гласови од партиите на владејачката коалиција. Партијата денес гласаше против законот за затвори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk