Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да стане нов генерален секретар на Обединетите нации (ОН), пишува „Јерусалем пост“, повикувајќи се на извори од три земји.
Според весникот, американските претставници му презентирале предлог на Орбан и го охрабриле да се приклучи на трката. Иако тој покажал интерес, сè уште не донел конечна одлука за неговата кандидатура, пишува „Jерусалем пост“.
Според извештајот, врз основа на претходните разговори во Вашингтон, тие веруваат дека Русија и Кина би ја поддржале кандидатурата на Орбан, што би можело да го направи заеднички кандидат поддржан од сите три суперсили.
Претставници на САД и друга земја наведуваат дека кога Вашингтон, Москва и Пекинг ќе се согласат за некое прашање во Советот за безбедност, тие обично можат да го спроведат.
Функционер на американскиот Стејт департмент признал дека предлогот на почетокот изгледал нереален, но тврдел дека Орбан би можел да добие значителна поддршка во Советот.
Според неговата проценка, осум од 15-те членови на Советот за безбедност „нема да имаат проблем“ да ја поддржат неговата кандидатура, со можност да соберат до десет гласови.
Извештајот, сепак, не ги наведува официјалните ветувања за поддршка на Орбан од која било земја.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата