Секретарот на американската Армија Ден Дрискол поднесе оставка до претседателот Доналд Трамп, објави „Си-ен-ен“, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со случајот.
Еден од изворите изјави дека одлуката не е изненадување, имајќи ги предвид тензиите меѓу Дрискол и секретарот за одбрана Пит Хегсет.
Друг извор запознаен со случајот изјави дека Дрискол во оставката изразил загриженост во врска со трансформацијата и борбената готовност на Армијата, како и со тоа што Хегсет ги блокирал тие напори, особено со отпуштањето на генералите задолжени за нивно спроведување.
Претставник на Армијата изјави дека Дрискол разговарал со претседателот за актуелната состојба во Армијата и потоа ја поднел оставката.
Заминувањето на Дрискол, ветеран на Армијата и долгогодишен пријател на потпретседателот Џеј Ди Венс, се најавуваше веќе подолго време, а доаѓа по неколкумесечни тензии со Хегсет. Оставката доаѓа и шест месеци по почетокот на војната со Иран, која засега не покажува знаци дека ќе заврши.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата