logo
logo
logo

УКРАИНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ И РАЗУЗНАВАЧИ ПУКАЛЕ ЕДНИ КОН ДРУГИ, тројца се ранети

Vecer | 02.09.2026

УКРАИНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛЦИ И РАЗУЗНАВАЧИ ПУКАЛЕ ЕДНИ КОН ДРУГИ, тројца се ранети

Припадници на украинската војска и специјалните единици се тепале и пикале меѓусебно.

Утрово во околината на Киев дошло до вооружен конфликт меѓу припадници на две клучни украински безбедносни агенции – Службата за безбедност на Украина (СБУ) и Службата за воено разузнавање (ГУР), објави весникот Украинска правда.

Во среда наутро полицијата целосно ја блокирала улицата Јури Шумски, а јавниот превоз бил пренасочен, додека на терен траела „специјална полициска операција“, како што ја нарекуваат полицајците.

Според извори на Украинска правда, најмалку тројца припадници на воено-разузнавачката служба на ГУР се повредени во престрелката и конфликтот.

Откако снимки и информации за пукањето почнале да кружат на социјалните мрежи, СБУ се огласи и призна дека нивните оперативци користеле огнено оружје. Тие тврдат дека спроведувале итни истражни дејствија како дел од предистражната постапка за наводен терористички напад што го планирала руската тајна служба ФСБ во Киев.

Според верзијата на СБУ, за време на претресот на адреса на улицата Шумска, група луѓе им го блокирале преминот со возила и извршиле вооружен напад врз нивниот истражен тим. За да се спречи нападот, на терен биле испратени припадници на елитната специјална единица на СБУ „Алфа“, кои отвориле оган, раниле неколку напаѓачи, а потоа ги привеле. Дури по апсењето и конфискацијата на оружјето и документите, според СБУ, било утврдено дека приведените лица припаѓале на украинските одбранбени сили, поточно на ГУР.

Иако официјалните детали за мотивот на инцидентот сè уште не се целосно разјаснети, позадината на конфликтот е поврзана со мистериозното исчезнување на Степан Каплунов, заменик-командант за борбени операции на Рускиот доброволен корпус (РДК) – единица на руски државјани кои се борат на страната на Украина и дејствуваат под покровителство на воено-разузнавачката служба на ГУР.

РДК во вторник објави дека Каплунов бил киднапиран од непознати лица во двор на станбена зграда, а Државното биро за истраги (СБИ) потврди дека добило извештај од неговите адвокати. Во исто време, СБУ објави дека, наводно во соработка со ГУР, спречило терористички напад врз лидерот на руското опозициско националистичко движење кој пристигнал во Украина. Интересно е што ГУР прво објави идентична изјава на своите канали, а потоа набрзо ја избриша.

Генералното обвинителство на Украина потврди дека отворило истрага за закани кон службени лица и обиди за убиство на службеници за спроведување на законот. Истражители на Државната истражна служба и командата на специјалната група „Алфа“ пристигнале на местото на настанот.

Поранешниот шеф на ГУР и шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, Кирил Буданов се огласи за инцидентот, велејќи дека случајот го презема Државната истражна служба.

„Важно е да се обезбеди темелна и непристрасна истрага, но никој нема право неказнето да киднапира војници, да отвора оган по улиците на нашите градови или да издава и извршува кривични наредби“, изјави Буданов за Украинска правда.

Дмитро Литвин, советник за комуникации на украинскиот претседател, кажа дека Володимир Зеленски им наредил на раководителите на вклучените агенции итно и отворено да ѝ пријават сè на јавноста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk