logo
logo
logo

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

Vecer | 03.10.2025

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање на недоверба против претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, што ќе се реализира следната недела во Стразбур.

В четврток ќе се гласаат два предлога – еден од групата „Патриоти за Европа“ и друг од Левицата. Според најавите, „Европа на суверените нации“ ќе го поддржи предлогот на „Патриоти за Европа“ и ќе се воздржи од иницијативата на Левицата. „Европските конзервативци и реформисти“ сè уште немаат заеднички став, но дел од нивните пратеници се очекува да го поддржат предлогот на Левицата.

„Патриоти за Европа“ ја обвинуваат Фон дер Лајен за финансиски скандали, недостиг на транспарентност во работата на ЕК, неуспешно справување со миграцијата и трговски договори со САД.

Левицата, пак, ја критикува поради политиката кон Појасот Газа, заштитата на природата и склучувањето на меѓународни трговски договори, меѓу кои и со Вашингтон.

Расправата е закажана за понеделник, а за успех на гласањата потребно е двотретинско мнозинство од подадените гласови.

Првото гласање за недоверба против Фон дер Лајен беше на 10 јули, по иницијатива на Европските конзервативци и реформисти, но не успеа. Тогаш таа изјави дека таквите обиди се поддржани од непријателите на ЕУ, меѓу кои ја спомена и Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk