logo
logo
logo

(Видео) КРВОПРОЛЕВАЊЕ НА „ТАЈМС СКВЕР“ - Жена нападна минувачи со нож, полицијата ја застрела пред сите

Vecer | 01.09.2026

(Видео) КРВОПРОЛЕВАЊЕ НА „ТАЈМС СКВЕР“ - Жена нападна минувачи со нож, полицијата ја застрела пред сите

Вистински хорор се случуваше на култниот „Тајмс Сквер“ во Њујорк, откако полудена жена вооружена со два големи кујнски ножева насумично нападна минувачи, убивајќи една жена, по што беше застрелана и ликвидирана од страна на полицијата.

Според информациите од њујоршката полиција, нападот се случил на една од најфреквентните и најобезбедуваните локации во градот, во непосредна близина на полициска испостава и познатата зграда „One Times Square“. Жената одеднаш извадила два ножа од ќеса за пазарење и без никаков повод го прободела во стомакот 68-годишен маж, а веднаш потоа и 32-годишна жена. Очевидци сведочат за драматични сцени на паника меѓу туристите и минувачите.

Повредените веднаш биле префрлени во болница, каде за жал 32-годишната жена им подлегнала на повредите, додека мажот е во стабилна состојба.

На снимките што се проширија на социјалните мрежи се гледа како повеќе полицајци ја опкружуваат напаѓачката додека таа мавта со ножевите. Откако обидот да ја онесспособат со електрошокер пропаднал, жената тргнала директно кон полициските службеници, по што тие биле принудени да отворат оган и да ја ликвидираат на лице место.

Полицијата соопшти дека засега нема индикации оти станува збор за терористички акт и се испитува нејзиното ментално здравје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk