Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека „кратко го разгледал отвореното писмо“ од украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое го поканува на директни разговори и нагласи дека во моментов не ја гледа целта на таков состанок.
За време на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин оцени дека писмото на Зеленски во кое тој предлага средба со Путин содржи „непристојни елементи“ и не изгледа како искрена понуда за разговори, пренесува РИА Новости.
„Писмото што го споменавте навистина содржи елементи на грубост. Што е тоа? Дали е тоа начин да се создадат услови за лична средба и преговори? Или создава средина во која е невозможно да се одржат какви било лични состаноци? Мислам дека е второто“, рече рускиот претседател.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата