logo
logo
logo

По цели 80 години - СМРТНА КАЗНА СО СТРЕЛАЊЕ ВО САД, еве кој е осудениот

Vecer | 06.10.2026

По цели 80 години - СМРТНА КАЗНА СО СТРЕЛАЊЕ ВО САД, еве кој е осудениот

Пентагон објави шокантна и долго очекувана одлука – поранешниот воен психијатар и мајор на американската армија, Нидал Малик Хасан, ќе биде погубен со стрелање, што ќе биде прво војно погубување на овој начин во САД по повеќе од шест децении, односно од завршувањето на Втората светска војна.

Хасан се соочува со суровата правна разврска за крвавиот масакр што го изврши на 5 ноември 2009 година во воената база Форт Худ во Тексас, што останува запаметен како најсмртоносниот напад надвор од борбените дејствија во некоја американска војна база. Во преполнетата медицинска зграда каде војниците чекале лекарски прегледи и вакцини пред заминување на терен, тој ладнокрвно уби 13 невооружени војници и рани други 32 лица.

Подоцна на судот Хасан и официјално призна дека тој бил напаѓачот, лудо тврдејќи дека наводно ги штител муслиманите и талибанците во Авганистан, а се извини и за „сите грешки“. Во 2013 година воениот совет едногласно му изрече смртна казна.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, соопшти дека препораката за погубување доаѓа од министерот за војна Пит Хегсет, а истата официјално ја одобрил американскиот претседател Доналд Трамp.

– Судниот ден за Хасан конечно стигна, порача Парнел на социјалната мрежа X.

Хасан моментов е еден од четворицата затвореници во воениот затвор на одјелот за смртна казна. Иако претседателското одобрение е клучнo според военото право, пред самата реализација на стрелањето мора да завршат сите законски жалбени постапки, додека точниот датум и локација дополнително ќе ги утврди министерот за копнена војска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk