logo
logo
logo

Трагичен крај за ќерката на романски политичар

Vecer | 28.08.2026

Трагичен крај за ќерката на романски политичар

Ќерката на поранешниот романски политичар Казимир Јонеску е пронајдена мртва на една фарма во општината Мушатешти, во округот Арѓеш, каде што престојувала неколку дена кај пријатели.

Викторија (22) пристигнала таму на 21 август, а последен пат била видена во вторникот навечер, околу 21 часот. Во средата наутро ја пронашол самиот домаќин, кој веднаш повикал полиција.

Пронајдено и проштално писмо

Првичните податоци од истрагата укажуваат на тоа дека девојката, која инаку се борела со депресија, си го одзела животот со бесење. Полициските службеници во куќата пронашле и проштално писмо во кое Викторија побарала прошка од своето семејство.

На самото место излегле полицајци и форензичари, а увидот не покажал траги на насилство кои би предизвикале сомнеж за друга причина за смртта.

Телото на девојката ќе биде испратено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта, а истрагата продолжува за прецизно да се утврдат сите околности на настанот.

Казимир Јонеску беше една од познатите фигури во романската политика по Револуцијата, вршејќи ја функцијата пратеник и сенатор во текот на 1990-тите и 2000-тите години.

Што соопштија од полицијата?

„Во текот на денешниот ден, 26 август, полициските службеници од Полициската управа на градот Куртеа де Арѓеш беа известени дека едно младо лице извршило самоубиство додека се наоѓало во објект во општината Мушатешти.

На самото место излегоа полицајци од Селската полициска станица Домнешти, кои ги потврдија наводите од пријавата. За жал, медицинската екипа која пристигна на терен констатираше смрт кај дваесет и двегодишна девојка од Букурешт“, соопшти Полициската управа на округот Арѓеш.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk