Францускиот претседател, Емануел Макрон ја гледа шансата за траен мир во привременото примирје меѓу Вашингтон и Техеран. Тој денеска побара доследно почитување на договореното за да се адресираат клучните безбедносни предизвици во регионот.
Според извештајот на BFM TV, Макрон инсистира Либан да биде составен дел од овој мировен процес, нагласувајќи дека деескалацијата на теренот мора да биде целосна. На економски план, Франција ја предводи меѓународната иницијатива за деблокада на Ормускиот теснец, со цел да се осигура безбеден транспорт на енергенси, кој е од критично значење за глобалната економија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата