logo
logo
logo

(ВИДЕО) Трамп: ДА НЕ ЈА ИСФРЛЕА РУСИЈА НЕМАШЕ ДА ИМА ВОЈНА

Vecer | 20.06.2026

(ВИДЕО) Трамп: ДА НЕ ЈА ИСФРЛЕА РУСИЈА НЕМАШЕ ДА ИМА ВОЈНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тековната војна меѓу Москва и Киев најверојатно ќе била избегната доколку Русија останела членка на тогашната Група осум (Г8).

„Најверојатно немаше да ја имате војната меѓу Русија и Украина ако тие останеа внатре“, изјави Трамп во интервју за „Аксиос“ (Axios), коментирајќи ја одлуката за исфрлање на Москва, со која групата се преименува во Г7.

Тој тврди дека овој меѓународен форум „ќе функционирал многу подобро“ доколку ја задржел својата оригинална структура со Русија во неа.

Трамп ја префрли вината за ваквиот развој на настаните кај поранешниот претседател Барак Обама, тврдејќи дека тој едноставно не го сакал рускиот претседател Владимир Путин во групата. Како потсетување, Русија беше исклучена од Г8 во 2014 година по анексијата на Крим.

Ова не е првпат американскиот претседател да излезе со вакви тврдења. Трамп во повеќе наврати досега изјавуваше дека ако тој бил претседател во 2022 година на местото на Џо Бајден, руската инвазија врз Украина никогаш немало да започне. Тој и претходно апелираше за враќање на Русија во Г7 групацијата.

Војната во Украина веќе влезе во својата петта година, а изјавата на Трамп доаѓа непосредно по неговото учество на 52-от самит на Г7, кој оваа недела се одржа во Евијан-ле-Бен, Франција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk