logo
logo
logo

ФУДБАЛСКИ КОНЦЕСИОНЕР ЗАПИШАН ВО КАТАСТАР НЕ МОЖЕ ДА СИ ГО ВЛАДЕЕ ИГРАЛИШТЕТО – НАСИЛНИЦИ УЗУРПАТОРИ ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ ПО ЖИВОТ (ДЕТАЛИ)

Vecer | 30.08.2026

ФУДБАЛСКИ КОНЦЕСИОНЕР ЗАПИШАН ВО КАТАСТАР НЕ МОЖЕ ДА СИ ГО ВЛАДЕЕ ИГРАЛИШТЕТО – НАСИЛНИЦИ УЗУРПАТОРИ ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ ПО ЖИВОТ (ДЕТАЛИ)

Самовластие на фудбалското игралиште „ЛОКОМОТИВА-ВИДРИ“ од страна на членовите на Здружението ФК КАРЕВ, а институциите велат се немоќни или мора да молчат, го штитат ова смоволие и попречуваат малолетни деца да се занимаваат со спорт.

Фудбалското игралиште „ЛОКОМОТИВА-ВИДРИ“ е под концесија која ја има Фудбалскиот клуб ФАН ЗОНА ВИДРИ и тој во моментов е единствениот концесионер кој ги има сите права врз ова фудбалско игралиште. Тој како концесионер запишан и во Имотниот лист над ова фудбалско игралиште има превезмено и обврска да го штити, обезбедува и инвестира игралиштето, кое што успешно го прави години наназад.

Договор со концесионерот за користење на фудбалското игралиште имало Здружението ФК КАРЕВ, кој Договор истекол да важи на ден 28.02.2026 година, а претходно концесионерот уште во текот на месец Ноември 2025 година уредно го известил Здружението ФК КАРЕВ, дека нема намера да го продолжи овој Договор. Со тоа на ден 28.02.2026 година на овој Договор му истекла важноста а со тоа и правото на  Здружението ФК КАРЕВ да го користи фудбалското игралиште.

На ден 31.03.2026 година со првиот чин на самовластие Здружението ФК КАРЕВ самовласно влегува во фудбалското игралиште и со сила ги „брка“ од теренот малолетните деца на други фудбалски клубови кои во тоа време имале тренинг. По настанот поставува свој катанец и ланец на влезната врата на игралиштето, а надвор од игралиштето стојат „батките“ кои му се обраќаат на овластеното лице -концесионерот на Фудбалскиот клуб ФАН ЗОНА ВИДРИ, лицето Благојче Трајковски со зборовите „ЌЕ ТИ ГИ СКРШИМЕ РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ АКО ВЛЕЗЕШ“. Благојче Трајковски иако исплашен за својата безбедност, продолжува со својата работа, штитејќи ја својата концесија и се она за што се обврзал со Договорот за користење на фудбалското игралиште склучен со ЈП за стопанисување со спортски објекти како државно тело.

Здружението ФК КАРЕВ, до Основниот Граѓански суд Скопје поднесува Предлог за издавање на привремена мерка за нарушено владение од страна на концесионерот, и судот по интервенција на еден скопски адвокат (дел до аферата Рекет) кој има многу блиски роднински врски со судијка во скопска Апелација, се донесува Решение со кое му се наредува на концесионерот да не го попречува влезот на Здружението ФК КАРЕВ во фудбалското игралиште. Ова Решение на Граѓанскиот суд по експресен пат станува потврдено од скопска Апелација, а без при тоа да се ценат „купот“ докази на страна на концесионерот, пред се дека  Здружението ФК КАРЕВ нема важечки договор за да одржува тренинзи и фудбалски натпревари на игралиштето.

И покрај тоа што Решението по нарачка е препишано во точка и запирка како и самиот Предлог за привремена мерка, во него поради „пропуст“ во самиот Предлог не е наведено дека Здружението ФК КАРЕВ има право со оваа привремена мерка да одржува и фудбалски тренинзи на игралиштето иако скопска Апелација во образложението на нејзината одлука се обидува да го корегира овој пропуст па си дава за право, надвор од законските прописи да го „оживее“ истечениот Договор кој бил во важност до 28.02.2026 година, па вели Здружението ФК КАРЕВ и единствениот концесионер Фудбалскиот клуб ФАН ЗОНА ВИДРИ имале некаво „совлаедение“.

И покрај ваквата незаконита одлука, Фудбалскиот клуб ФАН ЗОНА ВИДРИ, почитувајќи ја судската одлука и на негова штета и тоа од големи размери со оглед да на игралиштето тренинзи одигруваат повеќе фудбалски клубови каде што тренираат малолетни деца со важечки договори, доброволно ја спроведува оваа привремена мерка и постапува во целост по истата.

Судската постапка по повод оваа привремена мерка е сеуште во тек, а привремената мерка е само времено Решение, штетата сепак ја трпат малолетни деца кои сакаат да спортуваат.

Здружението ФК КАРЕВ, спротивно на нивната „нарачана“ судска одлука, на ден 17.08.2026 година решава повторно да го „ЗЕМЕ“ правото во свои раце и без да му биде утврдено правото да одржува тренинзи во самото судско Решение, насилно влегува во фудбалското игралиште и овластеното лице Петар Мишевски и членот на ова Здружение лицето Велимир Новески придружувани од НН лица (ќељави мускулетсти батки) при тоа со синџир и катанец одвнатре ја заклучуваат вратата на фудбалското игралиште, а Велимир Новески со спреј ја прска една од безбедносните камери на игралиштето со цел да ги прикрие доказите на ова самоволие. Истите овие лица насилно затвораат уште две безбедносни врати во игралиштето, кои се употребуваат во случај на стампедо или несреќи, при тоа загрозувајќи ја безбедноста на малолетните деца.

На овој начин тие веќе со денови не дозволуваат влез од главната врата на игралиштето на концесионерот Фудбалскиот клуб ФАН ЗОНА ВИДРИ а од внатре чуваат НН лица ангажирани со Договор за дело од Здружението ФК КАРЕВ.

Настанот беше веднаш пријавен до ПС ОН Карпош кои по многубројните повици од концесионерот доаѓаа на секоја пријава, но дел од нив се со изговор ние неможеме ништо вие си водите судски постапки.

А дел од полициските службеници си дадоа и за право да читаат во небулозното образложение на скопска Апелација и да коментираат некакво „совладение“.

Единствено што известија дека е напишана кривична пријава за „Самовластие“ по член 392 став 2 од КЗ на РС Македонија кое дело се води по службена должност, а по нивно кажување, од страна на ОЈО Скопје добиле насоки да се извести Основниот Граѓански суд односно судијката кој ја донесе ваквата привремена мерка да даде објаснување за многуте нејаснотии напишани и неспроведливи во самата одлука. Но впрочем такви се нарачаните судски одкуки.

Здружението ФК КАРЕВ за да го „оправда“ ова самовластие оди до таму што пред полициските службеници кое нешто е наведено во службена изјава, велат дека имале инвестирано во фудбалското игралиште износ од 200.000 евра. За ваквите лажни и небулозни изјави, концесионерот ги пријави  до Управта за јавни приходи за да се провери и докаже  финансиската  состојба на Здружението имајќи во предвид дека ова здружение од јавно достапните информации, последните три години пријавило приход од нешто помалку од 2.000.000,00 денари а скоро и толку расходи односно, последните три години ги завршил деловните години со загуба.

Единствениот концесионер Фудбалскиот клуб ФАН ЗОНА ВИДРИ веќе со денови го трпи самоволието на лицата од ФК КАРЕВ, трпи огромни штети, бидејќи има вложено значителни средства во фудбалското игралиште кои докази се доставени и до судот и до ПС КАРПОШ.

Концесионерот ФК ФАН ЗОНА ВИДРИ бара итно постапување на институциите и тоа отстранување на сите неовластено поставени катанци, отстранување на сите НН лица кои не се спортски работници, почитување на условите за тренинзи и спортски активности со цел децата достоинствено да можат да се занимаваат со спорт и спортски активности се до завршување на судската постапка.

Кој го штити самоволието на лицата од ФК КАРЕВ? Ваквите нарачани судски одлуки неможе да доведат до зголемување на довербата во судството која е едвај 2 %.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk