Алваро Мората откри дека пред да го избере Леганес имал понуди од повеќе клубови, меѓу кои и екипи што ќе настапуваат во Лигата на шампионите. Сепак, 33-годишниот шпански напаѓач реши да се врати во Мадрид и да заигра во Сегунда, како позајмен од италијански Комо.
Мората вели дека пресудни биле довербата и амбициозниот проект на Леганес, но и желбата повторно да ужива во фудбалот.
„Во животот не е сè во освојувањето трофеи и играњето во Лигата на шампионите“, порача тој на промоцијата.
Шпанецот призна дека зад себе има тежок период и дека во моментов најважно му е повторно да се чувствува важен на теренот. За него враќањето во родниот Мадрид има и силна семејна димензија.