Една мака помалку за тимот на Манчестер Јунајтед. Црвениот картон кој што Лени Јоро го доби на дуелот против Ливерпул е поништен, и автоматски повеќе не важи ниту суспензијата која што е облигациска по таква санкција.
Дефанзивецот беше исклучен во седмата минута откако го собори Александар Исак на работ од шеснаесетникот. Судијата Самуел Барот веднаш му покажа црвен картон на Французинот, а ситуацијата беше разгледана од ВАР, кој ја потврди неговата одлука.
Сепак, надлежните во Фудбалската Асоцијација го потврдуваат спротивното и Јоро не е повеќе суспендиран.