Нејмар не се откажува од атрактивните потези, па беснееше: Треба да ми ја скршат ногата ли?

Vecer | 24.11.2026

Нејмар не се откажува од атрактивните потези, па беснееше: Треба да ми ја скршат ногата ли?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Фото: Сантос Х

Ѕвездата на Сантос, Нејмар, повторно го привлече вниманието кон себе со своето однесување, овојпат на натпреварот против Гремио, кој неговиот тим го загуби со 0-2, но и со изјавите по средбата.

Откако беше критикуван поради потегот „виножито“ (Rainbow Flick) на претходниот натпревар на Сантос, Нејмар синоќа повторно се обиде да го изведе истиот дриблинг уште на самиот почеток на дуелот.

По натпреварот, бразилскиот напаѓач се пожали на судијата Рамон Абати, обвинувајќи го дека не ги санкционирал доволно противничките фудбалери кои често го фаулирале. Според Нејмар, врз него биле направени дури десет прекршоци само во првото полувреме.

„Судијата правеше што сакаше! Воопшто не покажуваше жолти картони (им покажа два на фудбалерите на Гремио, н.з.), а против мене, ако не се лажам, беа направени десет прекршоци само во првото полувреме. Ова е неприфатливо. До кога ќе продолжи вака? Треба да ми ја скршат ногата ли? Тргнувам во дриблинг, а противникот ме влече или ме удира, но дури и не се досудува прекршок. Само затоа што сум технички поткован и знам да дриблам, не значи дека имам нечесна предност. Ваквите постапки мора да се казнуваат и секој прекршок треба да биде санкциониран. Сметам дека судењето на Абати беше навистина многу слабо и сериозно нè оштети“, изјави Нејмар по натпреварот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk