logo
logo
logo

Толку беше: Челзи го продава Гарначо за 45 милиони евра!

Vecer | 21.04.2026

Толку беше: Челзи го продава Гарначо за 45 милиони евра!

ФОТО: Chelsea F.C./FB

Дојде како големо засилување, дојде на голема врата, ама само по една сезона ќе си оди како едно од најголемите разочарувања во последно време на “Стемфорд Бриџ“. Се разбира дека тука мислиме на Алехандро Гарначо.

Имено, челниците на тимот од Лондон донесоа одлука да го продадат Алехандро Гарначо ова лето по ужасните игри откако тој пристигна од Манчестер Јунајтед.
Иако не беше во почетниот состав за натпреварот што Челзи го одигра во саботата, Гарначо влезе во игра наместо Еставао кој се повреди во 17-тата минута. Тој беше пречекан со силни свирежи од навивачите на Манчестер Јунајтед откако пристигна во Челзи од овој клуб.
Гарначо не успеа да му предизвика сериозни проблеми на дефанзивецот на Јунајтед, Лук Шо, ниту на голманот на овој тим. За само 74 одиграни минути, Гарначо ја изгуби топката 15 пати, а не упати ниту еден удар во голот, ниту прецизен центаршут.
На крајот на краиштата, Челзи одлучи да се ослободи од него и да го стави на трансфер листата, а за неговите услуги бара 45 милиони евра.
Минатата недела се шпекулираше дека аргентинскиот гигант Бока Јуниорс е заинтересиран да го доведе Гарначо.
Сепак, прашањето е дали тој би ја напуштил Европа во овој момент од својата кариера, но јасно е дека нема иднина за него на „Стемфорд Бриџ“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk