logo
logo
logo

„Тајмс“ објави: Европа му сврте целосно грб на Инфантино и продажбата на Мундијалот

Vecer | 30.07.2026

„Тајмс“ објави: Европа му сврте целосно грб на Инфантино и продажбата на Мундијалот

На ите онлајн состанок, членките на УЕФА едноставно гласале против било каква промена на статусот на Мундијалот, односно Светското првенство кое што е во организација на ФИФА, а за кое првиот човек на оваа организација, Џани Инфантино јавно даде предлог истото да биде продадено на приватни инвеститори.

Оваа идеја секако дека е поттикната од САД, и од начинот на фунцкионирање на нејзините професионални спортови, но во фудбалот, спорт кој што најмалку е популарен на тој континент, споредувајќи го со остатокот од светот, тоа очигледно нема да пројде.

Па така, како што објави англиски „Тајмс“, членките на УЕФА едногласно се против продажба на правата на Мундијалот, со што дефинитивно се зазема став контра привот човек на ФИФА.

Секако, допрва на оваа тема ќе се чека конечната одлука но добро е да се знае дека Европа е дефинитивно против.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk