Доминик Собослај уште долго ќе го гледаме во дресот на Ливерпул. Играчот од средниот ред денеска и официјално потпиша нов долгогодишен договор кој што е со трајност до 2031 година и со тоа стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина.
Унгарецот кој што во моментов има 25. години со ова станува еден од најплатените фудбалери на Ливерпул.
Со вкупно 147 мечеви за Ливерпул досега, Собослај има статистика од 28 гола и 26 асистенции. Ја понесе наградата за играч на годината во клубот изминатата сезона.