logo
logo
logo

Симеоне: “Алварез ќе биде во тимот утре, се надевам дека ова беше добра лекција за него“!

Vecer | 04.09.2026

Симеоне: “Алварез ќе биде во тимот утре, се надевам дека ова беше добра лекција за него“!

ФОТО:facebook.com/AtleticodeMadrid/

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Пабло Симеоне, имаше пред утрешниот натпревар на гости против Атлетик Билбао. Аргентинскиот стратег коментираше за голем број теми поврзани со тимот, вклучувајќи ја ситуацијата околу напаѓачот Хулијан Алварез.
За својот сонародник Симеоне рече:

Тој тренира многу добро. Ќе биде во тимот за натпреварот и очекувам најдобро од него, како и од сите негови соиграчи. Јас сум многу директен – за мене, животот е полн со можности. Сега Хулијан има можност да ги среди своите работи. Честопати го поминуваме времето осудувајќи и треба помалку да се грижиме за тоа и да учиме повеќе. Се надевам дека ова му послужи како лекција. И да биде среќен, и како што Футре, на кого му испраќам прегратки, му рече вчера во едно убаво видео – да го прави тоа со постигнување голови.“
Запрашан за битката со гигантите Реал Мадрид и Барселона, Симеоне беше категоричен:

Она што се случува веќе 15 години нема да се промени. Реал Мадрид, Барселона и сите ние останатите се обидуваме да им се приближиме.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk