logo
logo
logo

Швајцарија во Скопје со ново „супер-дуо“ во нападот

Vecer | 22.09.2026

Швајцарија во Скопје со ново „супер-дуо“ во нападот

Во очекување на стартот на Лигата на нации и првиот меч со Македонија во Скопје, новиот швајцарски репрезентативец Винсли Ботели најави дека со големи амбиции го очекува своето деби во А-репрезентацијата. 20-годишниот напаѓач од Сион првпат доби повик од селекторот Мурат Јакин за натпреварите во Лигата на нации.

Ботели особено се радува на повторната средба со Јохан Манзамби, со кого заедно пораснал во Женева и дури посетувале исто училиште.

„Манзамби и јас ќе бидеме супер-дуо“, порача младиот напаѓач, кој во досегашниот дел од сезоната постигна 12 гола и додаде пет асистенции на 14 официјални натпревари.

Интересно е што Ботели има и државјанство на Демократска Република Конго, но неодамна јавно се определи за настапи за Швајцарија. Неговата голема амбиција е еден ден да го престигне Алекс Фрај на листата на најдобри стрелци во историјата на швајцарската репрезентација.

Швајцарија во следниот период ќе игра и против Шкотска и Словенија во Лигата на нации, а првиот дуел против Македонија е закажан за 26 септември во Скопје.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk