Баерн го доби пријателскиот натпревар со Хајденхајм со 4:2, но тоа не е она што го интересира тимот од Минхен, туку повторното колабирање на Џамал Мусијала.
Мусијала се струполи пред само три дена на натпреварот против Лајпциг. Тој помина неколку минути на теренот на денешниот натпревар кога повторно се струполи. Влезе во игра во 61-та минута и повторно се струполи по само четири минути, за среќа успеа сам да го напушти теренот со помош на лекар.
Головите за Баерн ги постигнаа Чавез во 25-та минута, Ибрахимовиќ во 47-та минута од пенал, Дијаз во 78-та минута и Браун во 83-та минута.
Стрелци за Хајденхајм беа Вагнер во 5-та минута и Нијес во 44-та минута.