Селекторот на Шкотска принуден да направи промена во составот за мечот со Македонија

Vecer | 09.11.2026

Селекторот на Шкотска принуден да направи промена во составот за мечот со Македонија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Селекторот на Шкотска, Себастијан Покоњоли, мораше да направи промена во репрезентативниот состав пред претстојниот натпревар против Македонија во УЕФА Лигата на нации.

Од списокот отпадна дефанзивецот Стивен Велш, кој заработи повреда на дуелот на неговиот Свонси против Портсмут, а неговото место го зазеде Рајан Портеус.

27-годишниот централен дефанзивец настапува за Лос Анџелес ФК и се враќа во националниот тим по пауза од околу 18 месеци. Последниот настап за Шкотска го имаше во март 2025 година, кога влезе од клупата во победата над Грција (1:0) во плејофот од Лигата на нации. Портеус досега има 13 настапи за шкотската репрезентација и ќе претставува дополнителна опција во одбраната на селекторот Покоњоли.

Шкотска на 13 ноември на домашен терен во Глазгов ќе ја пречека Македонија, а три дена подоцна ќе гостува кај Швајцарија во последните два натпревари од групната фаза на Лигата на нации.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk