logo
logo
logo

Роналдо ја напушти Португалија, па се огласи: Кога ќе дојде време за тоа…

Vecer | 30.09.2026

Роналдо ја напушти Португалија, па се огласи: Кога ќе дојде време за тоа…

Кристијано Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата на Португалија во пресрет на натпреварот против Данска во Лигата на нации, а по сè одлучи јавно да потврди дека заминува.

„По прес-конференцијата на селекторот и разговорот со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Португалија, донесов одлука да го напуштам репрезентативниот камп. Кога ќе дојде време за тоа, ќе им ја кажам вистината на сите Португалци за причините поради кои ја напуштив репрезентацијата, на која секогаш сум ѝ бил целосно посветен.

Сега е време да ѝ посакам среќа на Португалија и на сите мои соиграчи, без исклучок.“

Роналдо го напуштил стадионот откако не присуствувал на тренингот, а неговиот приватен авион подоцна денеска треба да полета од Мадрид кон Копенхаген.

Неговото заминување доаѓа во исклучително интересен момент, само еден ден пред натпреварот меѓу Португалија и Данска.

Засега не е познато што точно довело до одлуката на еден од најголемите фудбалери на сите времиња да го напушти репрезентативниот камп. Роналдо јасно порача дека својата верзија на настаните ќе ја открие „кога ќе дојде време за тоа“, поради што се очекува оваа приказна да добие ново продолжение.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk