logo
logo
logo

Рафиња: Јамал е свет за себе, тој мора да ја добие “Златната топка“!

Vecer | 19.09.2026

Рафиња: Јамал е свет за себе, тој мора да ја добие “Златната топка“!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/

Од ден на ден се повеќе се дебатира за тоа кој треба да ја добие или освои „Златната топка“, нјпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.

Јамал,Мбапе, Дембеле, Кварацкелија, Кејн… се чини дека се најголемите кандидати, а Рафиња кој блеска на стартот од сезоната во дресот на Барса смета дека неговиот соиграч едноставно е најдобар. Прво се осврна на тоа зошто го нема меѓу номинираните:

Не е моја работа да коментирам за овие работи, но ако мене ме прашувате, мислам дека е неправедно, благо речено, што Педри и јас не бевме меѓу 30-те номинирани за Златната топка. Има некои работи што едноставно никогаш нема да ги разберам.“
Според него, наградата за најдобар играч во светот треба да биде за Ламин Јамал.

Ламин Јамал мора да ја освои Златната топка оваа година. Тој има статистика, има трофеи, има фантастични настапи, тој е светски шампион со Шпанија. Луѓето плаќаат големи пари за да го гледаат како игра. Со сето должно почитување кон другите кандидати, Ламин е свет за себе.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk