Рафиња искрено и човечки: Тоа можеше да му се случи на секого од нас!

Vecer | 04.11.2026

Рафиња искрено и човечки: Тоа можеше да му се случи на секого од нас!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/

Синоќа, Барселона ја победи Астон Вила со 3:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Рафиња блескаше со два гола, а бразилскиот напаѓач не сакаше да зборува за фудбал по натпреварот, бидејќи беше длабоко потресен од веста за смртта на Хесус де Мигел, 30-годишниот напаѓач на Тенерифе, кој почина вчера како последица на сериозен судир со противничкиот голман за време на натпревар во шпанската втора лига.
„Не би сакал да зборувам за фудбал. Сакам да ја посветам победата на нашите навивачи, но пред сè да испратам голема поддршка до семејството на Хесус. Нека почива во мир. Денес не е добар ден за разговор за фудбал“, рече Рафиња.
Бразилецот призна дека веста за смртта на неговиот колега особено го погодила и дека му било тешко да се концентрира на играта.
„Можеше да му се случи на секого од нас. Беше многу тешко кога ја слушнавме веста. Комплицирано е. Излегуваш на теренот да играш натпревар и сфаќаш дека истото можеше да ти се случи и тебе“, објасни Рафиња.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk