logo
logo
logo

Рафа Леао: Роналдо е мојот идол од детството, сигурен сум дека е среќен по победата на Португалија

Vecer | 02.10.2026

Рафа Леао: Роналдо е мојот идол од детството, сигурен сум дека е среќен по победата на Португалија

ФОТО:facebook.com/PORTUGAL/

Португалскиот напаѓач Рафаел Леао ја коментираше ја расправијата меѓу тренерот Жорже Жесус и суперѕвездата Кристијано Роналдо. Како што е познато потоа следуваше скандал кој го направи Роналдо напуштајќи ја базата на репреентацијата.

“Селекторот нè подготвува одлично. Во последните два натпревари бевме многу организирани на теренот и создадовме чисти шанси за гол. Бевме исклучително ефикасни и успеавме да постигнеме четири гола“, започна Леао по победата од 4-2 над Данска. Во врска со Кристијано Роналдо, Леао беше категоричен:

„Ова е тема што не нè засега директно. Уште еднаш докажавме дека сме обединет тим. Тој е секако среќен дома поради победата. Како негов соиграч и некој со кого се сложувам многу добро, знам каков е тој – најважно е секогаш тимот. Освоивме уште три бода, сме лидери во групата и сега е време да се опоравиме и да се подготвиме за натпреварот во недела против Норвешка.“

Конечно, тој зборуваше за добивањето на дресот со број 7, кој претходно го поседуваше Роналдо:

„Крис е мојот идол од детството, а бројот 7 има посебно значење за мене, бидејќи е поврзан со датумот на раѓање на моите деца. Само се обидов да го почестам тимот и да уживам во играта. Најважно е што победивме и игравме силно. Мислам дека завршивме одлична работа.“


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk