logo
logo
logo

По историската победа над Германија: Невидена еуфорија во Грција пред домашните мечеви во Солун!

Vecer | 28.09.2026

По историската победа над Германија: Невидена еуфорија во Грција пред домашните мечеви во Солун!

ФОТО:.facebook.com/ethnikiomada/

Можеби победата над Србија и не беше сензација, ама тоа вчера што се случи во Аугзбург, победа од 0:1 над Германија и тоа како одекна во светот на фудбалот. Ова е прва победа во историјата на Грција протов Германија.

И кога се игра така, кога се победува, јасно е дека кај нашиот јужен сосед владее фудбалска еуфорија. Нешто налик на она што беше во 2004 година кога Грција стана европски првак.

Па така во пресрет на мечевите од А Лигата на Нации, на свој терен во Солун, против Холандија (1 октомври) и Германија (4 октомври) а се играат на “Тумба“ има побарување за 100.000 билети. И сега ако се знае дека овој стадион е со капацитет од околу 29.000 гледачи, тогаш јасно е дека ни три “Тумби“ не можат да ги задоволат потребите за фановите.

Инаку избраниците на селекторот Иван Јовановиќ во моментив се хит во фудбалска Европа. Грција игра одличен, модерен фудбал, знае што сака. Прво ја надигра и победи Србија на Маракана, а потоа на ред дојде и Германија.

Така се игра фудбал, а не како… ајде да не детализираме.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk