Претседателот на УЕФА Александар Чеферин денеска пристигна во Скопје по покана на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Ова е на приватна покана од претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ.
Чеферин и Омерагиќ заеднички ќе го следат и натпреварот од УЕФА Лигата на нациите меѓу Македонија и Словенија. Двајцата функционери имаат и повеќе од обично пријателство.
Инаку, претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ денес слави роденден, а роден е во 1969 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата