logo
logo
logo

Оснабрик поведе, но Баерн на крајот убедливо славеше во 1. коло од купот

Vecer | 02.09.2026

Оснабрик поведе, но Баерн на крајот убедливо славеше во 1. коло од купот

Баерн Минхен со победа од 4:1 на гостувањето кај Оснабрик го започна настапот во Купот на Германија. Домаќинот приреди изненадување уште во петтата минута, кога Робин Мајснер со спектакуларен удар од голема далечина го совлада Јонас Урбиг.
Сепак, радоста на второлигашот траеше кратко, бидејќи Хари Кејн во 18. минута израмни на 1:1. Баерн продолжи да ја контролира играта, а пресвртот го комплетираше Том Бишоф во 24. минута.

Во второто полувреме баварците продолжија со доминацијата и создаваа шанси пред голот на домаќинот. Мајкл Олисе во 73. минута зголеми на 3:1 и практично го реши победникот. Конечниот резултат го постави Кејн во 86. минута од пенал, откако Александар Павловиќ беше фаулиран во шеснаесетникот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk